Со инвестициите во рударството до нови вработувања

Bez autora
Jun 10 2010

Привлекување на домашни и странски инвестиции и рационално искористување на минералните суровини во земјава, се главните насоки на 20-годишната Стратегија за геолошки истражувања, искористување и експлоатација на минералните суровини во Македонија за период од 2010 до 2030 година. Стратегијата е изработена од Министерството за економија, бидејќи земјава располага со многу суровини и од нејзината правилна примена, подеднаква корист има и државата и фирмите. Според Николајчо Николов, генерален директор на рудникот Бучим" и претседател на Македонската асоцијација на рударство при Стопанската комора на Македонија, минералните суровини како потенцијал се значајни за македонското стопанство, бидејќи целото производство е извозно ориентирано, а воедно нуди и предизивци за нови инвстиции и нови вработувања.

Со инвестициите во рударството до нови вработувањаПривлекување на домашни и странски инвестиции и рационално искористување на минералните суровини во земјава, се главните насоки на 20-годишната Стратегија за геолошки истражувања, искористување и експлоатација на минералните суровини во Македонија за период од 2010 до 2030 година.

Стратегијата е изработена од Министерството за економија, бидејќи земјава располага со многу суровини и од нејзината правилна примена, подеднаква корист има и државата и фирмите. Според Николајчо Николов, генерален директор на рудникот Бучим" и претседател на Македонската асоцијација на рударство при Стопанската комора на Македонија, минералните суровини како потенцијал се значајни за македонското стопанство, бидејќи целото производство е извозно ориентирано, а воедно нуди и предизивци за нови инвстиции и нови вработувања.

- Ланскиот извоз на минералните суровини бил 797 милиони долари, а само во првите три месеци од годинава тој достигнал 212 милиони долари - нагласи вчера Николов на седницата на Македонската асоцијација за рударство на која се разгледуваше долгорочната Стратегија за развој на минералните суровини за период од 2010 до 2030 година.

Според него ланскиот увоз во овој сектор бил 598 милиони долари, а за првите три месеци од годинава - 136 милиони долари. Николов укажа дека рударството излегува од криза, бидејќи има стабилизација на цените на светските берзи и пораст на курсот на доларот. Тој најавува успешна секторска година.

Николов предупреди дека Стратегијата треба да биде пишано правило како треба да се однесува секторот во наредните 20 години за да се оствари правилна експлоатација на минералните суровини. Тој потсети дека досега овој сектор се среќава со сериозни проблеми, бидејќи има често менување на Законот за минерални суровини.

- На овој сектор му се потребни стабилни прописи, односно да нема често менување на концесискиот надоместок за да инвеститорите знаат што ги очекува во Македонија и кои се правилата на однесување - посочи Николов и додаде дека минимум овој надоместок треба да се менува на пет години. Според него Стратегијата треба да биде патоказ на годишното работење на компанијата од овој сектор.

Николов потсети дека дивиот ископ на минерални суровини и понатаму е актуелен во државава. Тој тврди дека песок се вади немилосрдно по сите речни текови, се заработува на диво, а државата не добива ништо од тоа.

- На Македонија и се потребни многу повеќе инспектори, а не само двајца кои во моментов ја покриваат оваа проблематика - заклучува Николов.

Тој информираше дека деновиве треба да биде распишан тендер за доделување на концесии за детални геолошки истражувања почнувајќи од градежен камен до металични суровини.

- Очекуваме дека тендерот ќе биде успешен, бидејќи во последниве 5-6 години на ова поле нема никакво напредок, а отворање на нови рудници, за жал, се уште нема - вели Николов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik